Евиденција на работно време со RFID картички

Работното време — со доказ, не по сеќавање.

WorkingTime ги поврзува RFID читачите со вашите вработени и смени. Секое куцање е запис што може да се провери — ден по ден, за секој вработен.

  • Подготвено за Hikvision читачи
  • Неправилните куцања ги означува само
  • На македонски и албански
Контролна табла: кој е внатре сега, кој нема запис денес, кој овој месец неправилно куцал и дали уредите се поврзани. (отвори зголемено)

Евиденција

Како навистина се работело

Без табели и без препишување. Имињата и податоците на сликите се измислени.

01

Сите вработени, еден ден

Кој дошол, кога излегол на пауза и дали денот е уреден. Без корекции — точно како што куцале.

Евиденција за еден ден: секој вработен со временска линија и куцањата по ред. (отвори зголемено)
02

Еден вработен, цел месец

Заборавен излез, двојно куцање или излез без влез се означени сами. Од таблата со еден клик стигнувате до месецот на вработениот.

Месецот на еден вработен, ден по ден, со означен ден без запис за излез. (отвори зголемено)

Уреди

Ќе работи ли со мојот читач?

Ако имате Hikvision читач — да. За други уреди проверуваме дали се компатибилни пред да почнеме.

  • Подготвено за Hikvision Апликацијата веќе работи со постоечки Hikvision читачи за контрола на пристап. Ако имате таков уред, го поврзуваме — не ви треба нов. Поддршката за Dahua е во развој. Hikvision · подготвеноDahua · во развој
  • Работи и кога паѓа интернетот Читачот ги чува куцањата и ги праќа кога врската ќе се врати. Ништо не се губи.
  • Повеќе влезови, една евиденција Главен влез, магацин, канцеларии — секој уред има своја улога, а состојбата на секој се гледа на таблата.
  • Ние го поставуваме Уредот, картичките на вработените и смените. Вие само ја отворате таблата.

Контакт

Да разговараме.

Кажете ни колку вработени и смени имате — ќе ви пратиме понуда. Цената зависи од бројот на вработени и уреди.

  • Телефон +389 77 884 427
  • Одговор во рок од еден работен ден

Се вчитува безбедносната проверка…

Со испраќање на формата се согласувате податоците да се користат единствено за одговор на вашата порака. Cloudflare Turnstile обработува безбедносни податоци за заштита од спам. Политика за приватност на Cloudflare.